Вести

Затворен пунктот за масовна имунизација во Бедиње, граѓаните ќе се вакцинираат во ,,Уред”

By Radio Bum

October 04, 2021

Пунктот за масовна имунизацијa во објектот во поранешната касарна во населбата Бедиње повеќе нема да функционира. Вакцинацијата продолжува во Здравствениот дом, познат како „Уред“.

„Процесот на имунизација во Здравствен дом Куманово се одвива непречено. Ги известуваме сите граѓани дека ја сменивме локацијата, па вакцинацијата ќе се одвива во просториите на Здравствениот дом, познат како „Уред“. Ќе работиме во две смени од 8 до 20 часот. Моментално се аплицира вакцината Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 години, но исто така се врши ревакцинација со вакцините Синовак, Астра Зенека и Фајзер. Досега во нашиот пункт се аплицирани над 80.000 вакцини. Започнавме со апликација на третата доза кај здравствени работници и лица над 60 години“- изјави д-р Монализа Мемети од Здравствен дом Куманово.