Вести

Нудиме конкретни решенија, а не шпекулативни проекти, порача кандидатката за градоначалничка Теодора Димитровска од коалицијата ЛДП и ДОМ

By Radio Bum

September 27, 2021

На овие локални избори настапуваме поразлично од другите политички субјекти, настапуваме со млади луѓе кои вистински се креатори на политики од една страна, но и со политики и предлог решенија во кои секој еден граѓанин ќе чувствува припадност, а не одвоеност од власта и политиката. Тимот е тој кој ме мотивира, а тимот и своетничката листа која ја нудимеовие избори се лица кои значат нова генерација на политичари во нашата општина, рече Теодора Димитровска кандидат за градоначалничка на Куманово од коалицијата ЛДП и ДОМ.

Главна точка на програмата, како што рече таа, се токму младите и креирање на град за млади.

– „Конкретни решенија, а не шпекулативни проекти и програми“. Нудиме предлози кои градот ќе го направат зелен, а сепк урбан и развиен. Смарт или модерна општина содржи решенија во кои преку еден клик секој ќе може да биде поблиску до општината, но и општината која ќе биде поблиску до сите нас. Културата и уметноста ги ставаме на пиедестал и активно ќе се залагаме за поттикнување на луѓето повеќе да творат, а воедно и да им обезбедиме простор каде можат да ја покажат својата креативна страна, изјави Димитровска.

Сузана Андоновиќ