Вести

Во четврток вонредна крводарителска акција во Куманово

By Radio Bum

July 13, 2021

Општинската организација на Црвен крст Куманово организира вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи вo четврток на 15 јули во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во девет часот.

– Ве повикуваме заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици. Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, стои во повикот на организацијата.

Акцијата ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до 15:00 часот, информираат од Општинската организација на Црвен крст, Куманово.