Ризична група на граѓани имаат приоритет за вакцинација во Куманово, велат од Здравствен дом Куманово. На вакциналниот пункт во Бедиње досега се вакцинирани 21 000 граѓани, а 15 000 ја примиле втората доза на вакцина, информираше докторка Монализа Мемети од здравствен дом Куманово. Мемети вели се спроведува и масовна вакцинација за наставничкиот кадар, се споведува теренска вакцинација, а се вакцинираат и граѓани кои немаат термини. Од вакциналниот пункт во населбата Бедиње посочуваат дека во моментов располагаат со вакцината Синовак за прва доза и ревакцина со Фајзер и Астразенека. Дополнуваат дека засега немало нус појави, освен локални реакции на местото на убод.
– Сите граѓани треба да ја испијат редовна терапија, да продолжат да ја пијат ако земаат некоја терапија, нема некоја контраиндикација, да ја користат како и секој ден. Недамна во Здравсвениот дом Куманово започната е и теренската вакциниација и досега доста се реализирани теренски вакцинации за луѓето кои не можат да дојдат тука-нагласува Мемети. Од овој пункт информираат и дека се имуниузирани и лица со посебни потреби, вработените во кумановскиот театар, Управата за јавни приходи, ЕВН, и општината.