Вести

Во понеделник авионско прскање против комарци во Куманово

By Radio Bum

July 02, 2021

Авионско прскање против комарци во Куманово ќе биде извршено во раните утрински часови во понеделник на 5 јули.

– Се известуваат сите граѓани дека на ден 05.07.2021 година ( понеделник ) во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на територија на Општина Куманово. Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите, информираат од Општина Куманово.

Во случај на неповолни временски услови, истото се одложува за наредниот ден, информираат од Општина Куманово.