Вести

Децата во градинката Ангел Шајче во Куманово се затруени со мајонез, изолирана е бактерија Салмонела

By Radio Bum

May 14, 2021

Причината за туењето на децата во градинката Ангел Шајче во Куманово со храна е мајонез,информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Кај 31 дете и 3 лица вработени во градинка во копрокултура изолирана е бактерија Салмонела. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна (јајца, мајонез и пилешки гради) од кујната на детската градинка Ангел Шајче од Куманово, каде пред неколку дена беше пријавен сомнеж за труење со храна. Со испитувањата изолирана е бактерија Sallmonela Spp во мострата од мајонез. Инспекциските служби на АХВ уште при првичната контрола од 10.05.2021 година издадоа решение со кое забранија работа на кујната во оваа градинка и издадоа наредба за спроведување на вонредно механичко и хемиско чистење, комплетна дезинфекција и спроведување на вонредни здравствени прегледи за вработените лица во кујната.

Забраната за работа на кујната и понатаму продолжува до повторно тестирање на брисеви од сите работни површини кои доаѓаат во контакт со храната и добивање на задоволителни резултати. Наредено е уништување на небезбедната храна која не одговара на микробиолошките критериуми за безбедност.

Во Центарот за јавно здравје во Куманово заклучно со 14 мај доставени се 61 пријава за труење со храна кај деца згрижени во три клонови, Пчелка, Синоличка и Кокиче. Децата сега се во добра здравствена состојба, а три се згрижени на детскиот одел во кумановската болница.