Вести

Кујната во градинката Пчелка е затворена од инспекциските служби, увид се прави, а резултатите ќе покажат што е причината за зболувањето на децата за кои родителите се сомневаат дека е од труење со храна

By Radio Bum

May 10, 2021

,, Во петокот пред викенд две деца пројавија симптоми на температура и пролив, ги повикавме родителите да си ги земат децата , но за жал немавме информација за здравствената состојба на останатите деца. Во недела навечер дознав за ситуацијата и веднаш ги алармиравме надлежните институции кои денеска вршат увид во кујните каде се приготвува храната”- информира Марина Алексовска , директорка на кумановската градинка Ангел Шајче . – Првичните сомнежи не би можеле да кажеме што се најпрвин треба да се направат микробиолошки испитувања, брисеви се земени , а одговорот треба да го дадат надлежните институции , вели Алексовска. Кујаната во објектот Пчелка е затворена , а упатуваме апел до родителите да не се грижат, работи другата кујна и децата можат да се носат во градинка- вели Алексовска.

Од листата на јадење децата на мени во четврток имале путер и мармалад, за ручек подварок, а за ужинка шне нокли . Во петок, за доручек пржени јајца со сирење, за ручек спанаќ со месо и ориз, а за ужинка банана.