Медиумските работници од радио Бум јавно се откажуваме од здружението на новинари на Македонија биејќи сметаме дека работат на штета на новинарите и медиумите.
,,Бесплатни објави и огласи може да има но само на националниот сервис, а претставниците на Здружение на новинари и останатите придружни здруженија кои сакаат да станат големи уредници во медиумите, да почнат да се грижат за новинарите, а не за финансирањето на приватните медиуми. ЗНМ да си ја гледа работата за што се регистрирани, а не да водат политика со амбиции за високи позиции во власта како што имаме и примери од минатото. Барам јавен одговор колку членови ЗНМ имаат од Куманово? Дали колегите го обновиле членството кое е истечено? Колку пати ЗНМ имаат дојдено во Куманово и од што се плашат да дојдат? Убаво беше што слушнавме дека прашувате за нас пред неколку дена , но да ви кажеме Куманово е на 30 километри од Скопје и во Куманово има новинари за кои треба да се интересирате, а не за тоа како медиумите ќе обезбедат средства. Ако треба бесплатно да се објавуваат кампањи, ќе се вработат новинари кои ќе работат бесплатно. Дали вие , ЗНМ како здружение работите бесплатно? Колку проекти имате добиено и колку средства добивате од донаторите за проекти преку грбот на новинарите? А логично е ако велите дека медиумите ќе ги поткупи владата дали вие сте поткупени од донаторите па давате пример? Оваа е безобразно и дрско од страна ЗНМ и јавно ќе прашам, зошто не реагираа кога се даваат субвенции на весниците? Тоа е само еден пример кој сакам да го дадам. Членот 102 од законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба под итно да се смени и сите објави да можат да се наплатат од страна на медиумите затоа што нашата програма не е бесплатна, а нашите вработени на крајот на месецот ја чекаат заработената плата. Институциите , јавните претпријатија и општината имаат потреба за огласување, а за да ги објавиме треба да се платат како и сите огласувачи. Медиумите особено локални, не бараат милиони бараме да обезбедиме плата за вработените и да имаме средства да вработиме новинари и технички персонал. Медиумските работници од радио Бум, јавно се откажуваат од ЗНМ и се против сите нивни реакции и ставови.
Сузана Андоновиќ