Првото бебе во Куманово е девојче , родено е на 1 јануари 2021 година во 14.20 часот. ,,Прва рожба на Фатуше Љатифи, здраво женско бебе -, информира Снежана Захариева, директорка на општа болница Куманово. Денеска од името на општина Куманово на директорот на Општа болница, д-р Снежана Захариева и беа врачени пригодни подароци,наменети за среќната мајка и првороденото бебе во Новата 2021 година, со честитки за добро здравје и среќа.
Сузана Андоновиќ