Според информациите на Секторот за внатрешни работи Куманово , во текот на изминатото деноноќие 93 лица се казнети за не носење на заштитна маска. ,,Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27.12/28.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 93 лица не ја почитувалe, од кои 71 во Куманово, 17 во Крива Паланка и 5 во Кратово и ќе следуваат соодветни мерки”- информираат од СВР Куманово.