На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на Ковид-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со телото на умрено лице, кое починало од заразната болест, се врши во затворен и залемен метален сандак.
Воедно, со овој заклучок Владата наведува дека подготовката, завиткувањето, транспортот и закопувањето на мртвото тело, предизвикано од заразната болест Ковид-19, не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице.
Во согласност со протоколот и правилникот, ексхумацијата на починатите е дозволена, но не порано од една година.