Вести

Сончево време со ниски утрински температури

By Radio Bum

October 20, 2020

Сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Куманово, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.