Вести

Новинарот, Душко Арсовски од Куманово е нов портпарол на Владата

By Radio Bum

October 13, 2020

Душко Арсовски, новинар по професија кој живее во Скопје, а потекнува од Куманово е нов портпарол на Владата. Покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа, соопшти попладнево Владата на РСМ преку својата официјална Фејсбук страница.

Дипломирал интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001. Во 2017 година станува магистер на „Меѓународни односи – разрешување конфликти“ на Филозофскиот факултет при УКИМ во рамките на ТЕМПУС програмата. Во академската 2003/2004 бил на стручно доусовршување, во областа на новинарството на Државниот универзитет на Ново Мексико, САД, со стипендија од Стејт Департментот.

Добитник е на наградата на Делегацијата на Европската Унија во Македонија – „Прашање на годината“ во 2005 година, за известувањето од ЕУ самитот во Брисел на кој Република Македонија доби статус земја – кандидат за членство во Унијата.

Во 2006 година добил сертификат од Делегацијата на ЕУ во Македонија за „Специјални достигнувања во известување за прашања поврзани со ЕУ“. Од 2006 до 2010 година бил член на Извршниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија.

Душко Арсовски е роден во 1977 година во Куманово. Активно зборува англиски, бугарски и српски јазик и со основно познавање на грчки и на шпански јазик