Вести

Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

By Radio Bum

October 13, 2020

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Дневната температура ќе биде од 9 до 22 степена.

Во Куманово, променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец