Вести

Се забрануваат семејни и домашни собири на повеќе од 4 лица , а се забранува групирање по 22 часот на четири луѓе на јавен простор

By Radio Bum

October 08, 2020

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за нови рестриктивни мерки, со цел превенција од ширење на коронавирусот, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Забрана на семејни поголеми собири, прслави и забави во домашни услови.

Се забранува групирање во домовите на семејни прослави, слави и собири во групи.

Во едно живеалиште стан или куќа дозволено е да се примат најмалку 4 луѓе, покрај сите што живеат во домот.

Се забранува групирање по 22 часот на четири луѓе на јавен простор, паркови, бензински и било каде на отворено на поголема група граѓани.

Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема, марама, шал или прекривка на нос или уста секаде при престој на отворено, во затворено во било кои објекти, во јавен и приватен траснпорт.

Исклучок се прави при спортување во отворено или затворено со почитување протоколи, со транспорт во возило ако се од едно семејство, при седење во угостителски објекти со почтиување мерки, со престој во службени простории ако лицето е само.

Исклучок од правилото е за деца до 6 години.

Овие препораки комисијат аќе ги достави до владата.