Претпладне облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Куманово, претпладне облачно со повремен дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 18 степени.
Од петок до понеделник времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.