Вести

Утре на повеќе локации ќе нема струја

By Radio Bum

October 01, 2020

На повеќе локации во Куманово во текот на утрешниот ден ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини се најавени за село Речица, Долно Којнаре, Режановце, улицата „Никола Тесла“ и Спомен Костурница. Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.