Вести

Продолжен рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции

By Radio Bum

September 28, 2020

Сите земјоделци кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, тоа ќе може да го сторат до 30- ти септември.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите на веб страна на Агенцијата. Доколку имаат потреба од помош при изготвувањето на електронските барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Земјоделците треба да проверат дали во апликациите ги пријавиле сите култури кои ги одгледуваат и дали им се впишани сите мерки за кои бараат финансиска поддршка.

Доколку при аплицирањето увидат дека направиле пропуст или пак ако има потреба од корекција заради не совпаѓање со фактичката состојба, документите може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на пријавувањето. За директните субвенции на земјоделците за 2020 година на располагање им се скоро 70 милиони евра од кои поголем дел се за сточарите.