Вести

Временска прогноза за понеделник 28 Септември 2020

By Radio Bum

September 28, 2020

Денеска, времето во нашата држава ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Во Куманово променливо облачно време, со услови за развој на нестабилна облачност проследено со врнежи од дожд и максимална температура до 24 степени.