Вести

На тема ,,Активности во туристичкиот бизнис кој придонесува за културно наследство”- одржан уште еден тренинг

By Radio Bum

September 19, 2020

Project title: “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044

УШТЕ ЕДЕН УСПЕШНО ЗАВРШЕН НАСТАН (ТРЕНИНГ) ВО РАМКИ НА ЕУ ПРОЕКТОТ CB006.2.23.044 НА ТЕМА “АКТИВНОСТИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ БИЗНИС КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО“

Со цел да се изградат капацитетите и да се подобрат знаењата и практичните вештини на човечките ресурси во туристичката индустрија, од страна на Индустриско – трговската комора на Ќустендил во соработка со Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, беше одржана уште една тренинг сесија на која свое учество зедоа 20 учесници од Македонија и Бугарија.

Дводневниот тренинг се спроведе во рамки на ЕУ проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, а беше оддржан во ресторан Грација во Куманово, на 17 и 18 септември 2020 година.

На тенинг сесијата “Активности во туристичкиот бизнис кој придонесува за културното наследство“ присуствуваа и претставници од тур оператори од двата региони, претставници од туристички агенции, претставници од хотели и ресторани, организации кои работат како тур оператори, и менаџери на разни субјекти кои се инволвирани во развој на туризмот и промоција на културното наследство во регионот.

Дводневната тренинг сесија се фокусираше на систем од културни ресурси и конкурентен културен туризам во двата региони. На обуката беа презентирани интересни тематики и дискусии во делот на современи пристапи кон развој на конкурентниот културен туризам во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија.

Настанот беше проследен со on – line видео конференциска врска каде учесниците од двете земји заедно и меѓусебно дискутираа за сите интересни теми на тренинг сесиите. Воедно од страна на учесниците на настанот постојано беа следени сите презентации преку on – line врска. Тренингот беше организиран на многу професионален начин од страна на бугарскиот партнер, кој воедно беше задолжен за целокупната организација на обуката. Учество на тренингот имаа претставници од североисточен регион и од ќустендилскиот регион кои работат во делот на развој на туризмот и промоција на културното наследство.

,,Обуката беше насочена кон обезбедување на испробани и проверени методи со цел да им се помогне на туристичките бизниси заинтересирани да воведат или развијат нови активности за културно наследство во прекуграничниот регион како основа за развој на нивниот бизнис или како извор на инспирација за нови иновативни производи и услуги. Спроведувањето на дводневниот тренинг иницираше остварување на заеднички настани и иницијативи насочени кон подобрување на знаењето и вештините на локалниот и регионалниот туристички бизнис” – посочи координаторот на проектот, Димитар Ташевски.

Предавачите од Р. Бугарија ангажирани за дводневниот тренинг цело време иницираа дискусии и размена на нови информации и знаења помеѓу учесниците на обуката. За потреби на обуката беше обезбеден стручен превод.

Тренингот беше проследен со максимално запазување на сите потребни протоколи пропишани за пандемијата COVID 19 од страна на Министерство за здравство на Р. Северна Македонија. Настанот се оддржа на отворено поради поголема сигурност на учесниците.

Проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ е финансиран од Европската Унија, Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.

www. https://rcku.org.mk/cultural-heritage/

This project is co-financed by European Union through the Interreg – IPA CBC Programme Bulgaria – The former Yugoslav Republic of Macedonia

European Union