Без 10 000 евра ќе останел 86 годишен кумановец за да го спаси неговиот зет од затвор за наводна сообраќајна несреќа
На 17.09.2020 во 09.30 часот во СВР Куманово, 54-годишна жена од Куманово пријавила дека на 14.09.2020 едно лице се обидело да го измами нејзиниот 86-годишен татко за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето се јавило на нејзиниот татко и го известило дека неговите ќерка и зет направиле сообраќајна незгода во која починал малолетник мигрант, по што од него побарале 35.000 евра за да не оди зет му во затвор. Според пријавеното, 86-годишникот прифатил да им даде 10.000 евра, а откако тргнал на договореното место за примопредавање на парите, се јавил на ќерка му која го информирала дека немале направено сообраќајна незгода и дека лицето се обидува да го измами. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.