Вести

Жените од руралните средини ги испраќаат своите видео пораки за справување со Корона кризата

By Radio Bum

July 03, 2020

Жените во руралните средини говорат за предизвиците со кои што се соочуваат секоjдневно во услови на Корона криза. Видео пораките кои што ни ги испраќаат се моќни, jасни и треба да допрат до секоj од нас. Треба сите да слушнеме и да видиме што тие ни порачуваат, но и што е потребно за полесно да се справат и да ги надминат последиците од вирусот Ковид 19, а коj што особено се одрази на продлабочување на родовиот jаз особено во руралните средини. Да jа прошириме оваа видео приказна и да ги направиме ВИДЛИВИ проблемите, но и можните решениjа за економска и социjална инклузиjа на жените од руралните средини. Видео приказната е изработена во рамките на проекот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина“, спроведуван од Рурална Коалициjа, а финансиски поддржан во рамките на програмата на Цивика Мобилитас.