Вести

Директорот на „Чистота и зеленило“ си поднесе оставка

By Radio Bum

June 24, 2020

Директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски денеска си поднесе оставка од функцијата, по две години менаџирање на комуналното претпријатие.

Стојчевски за радио Бум изјави дека се враќа на претходното работно место, правник во Општина Куманово и ќе биде дел од кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски.

Нов в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“ е Цветанка Ивановска, која беше на позицијата технички директор.

Инаку неофицијално, Стојчевски се очекува да биде нов Секретар на Општина Куманово, откако досегашниот Десанка Стошевска ќе замине во пензија по изборите.