“A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044
Проект: ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (CB006.2.23.044)
Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006
Договор бр.: PD-02-29-165 / 12.07.2019 година
Изработена ПРЕКУГРАНИЧНА СТРАТЕГИЈА за создавање на средина за развој на туризам и КОМУНИКАЦИСКИ ПЛАН за промоција на заедничкото толкување и користење на културното наследство во рамки на ЕУ проектот CB006.2.23.044
Фондација за развој на мали и средни претпријатија е во фаза на имплементација на ЕУ проект (меѓуграничен проект) со договор бр. PD-02-29-165 (12.07.2019 – 12.10.2020 год.) и име на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, финансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006. Проектот се имплементира од страна на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Трговската комора на Ќустендил. Целта на проектот е да се унапреди соработката меѓу регионалните актери во областа на оддржливиот туризам во прекуграничниот регион на Североисточниот дел од Р. Северна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил од Р. Бугарија (9 општини).
Еден од најзначајните стратешки документи кој е изработен од страна на бугарскиот партнер во рамки на проектот е токму “Прекугранична стратегија за создавање на средина за развој на туризам, со поддршка за заштита на културното наследство“. Целта на овој стратешки документ е да се утврди суштината, карактеристиките и важноста на културното наследство во целниот прекуграничен регион. Да се откријат особеностите, предусловите за туризам, засновани врз културното наследство во регионот, да бидат истражени можностите за развој на прекуграничниот туризам, како и можност за употреба на објектите на култирното наследство. Стратегијата ги идентификува новите модели на реални, применливи активности во културното наследство во туристичкиот сектор. Дефинирани се мерките за заедничка туристичка интерпретација и користење на културното наследство за целите на туризмот. Опсегот на оваа Стратегија е прекуграничниот регион, кој вклучува административна област Ќустендил од бугарска страна и Североисточниот плански регион од македонската страна. Тоа ги вклучува териториите на следниве 15 општини:
Во Бугарија (9 општини): Бобов Дол, Бобошево, Дупница, Кочериново, Ќустендил, Невестино, Рила, Сепареeва Бања, Трекљано. Во Северна Македонија (6 општини): Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.
“Прекуграничната стратегија за создавање на средина за развој на туризам, со поддршка за заштита на културното наследство“ е достапна на 3 јазика (македонски, бугарски и англиски јазик) на веб страницата на проектот дадена подолу во самата објава.
Во рамки на проектот од страна на реномирана консултанска фирма ангажирана од македонскиот партнер е изработен “Комуникациски план за промоција на заедничкото толкување и користење на културното наследство“ (Заеднички да ги толкуваме културното наследство за да ја изградиме нашата иднина).
Планот за комуникација се фокусира на соработката, елементите и начините за промоција на заедничко туристичко толкување и употреба на културното наследство при имплементацијата на Прекуграничната Стратегија за создавање на средина за развој на туризам, со поддршка за заштита на културното наследство. Планот за комуникација го покрива целокупниот период на имплементација на Стратегијата. Целта на планот е преку него на одредените целни групи да им се укаже за вредноста и влијанието на Стратегијата како и на активностите кои можат и треба да се превземат за нејзина успешна имплементација, како и да се пронајдат елементите и начините на поврзување/комуникација помеѓу клучните чинители за оддржување и развој на културното наследство.
Еден од предусловите за успешна и квалитетна реализација и имплементација на стратегијата е информирањето на сите, како на страните одговорни за развој, така и на сите засегнати страни за вредностите и активностите во чија реализација треба да се поврзани сите клучни чинители. Планот за комуникација предлага конкретни мерки/активности кои пред сѐ ќе овозможат непречена комуникација помеѓу засегнатите страни, која ќе овозможи постигнување на стратешките цели преку систематска, упорна и координирана работа за реализација на целите и активностите на Стратегијата.
Овој документ е развиен да го помогне заедничко туристичко толкување и употреба на начините за користење на наследството за целите на туризмот, а сето тоа преку веќе утврдени наоди и насоки дадени во Стратегијата, во која препорачаниот интервенциски модел за развој на културниот туризам во прекуграничниот регион е примена на принципите на толкување на наследството на сите нови услуги и производи засновани на култура. Документот е развиен во согласност со спецификите на целните групи за да се постигне баланс помеѓу интересите, мислењата и очекувањата во однос на културното наследство.
Двата стратешки документи се претставени и промовирани на состаноци оддржани во рамки на проектот со локалните и регионалните власти од североисточниот регион. Претставниците на локалните и регионалните институции засегнати во делот на промоција и валоризација на културното наследство во регионот, позитивно се изјаснија за значењето и примената на овие стретешки документи, и истите се заложија да помогнат во нивна успешна имплементација за оддржлив развој на туризмот и валоризација на културното наследство во североисточниот регион.
Ви даваме линк од веб страницата на проектот на која може да се најдат овие стратешки документи (Прекугранична Стратегија и План за комуникација) на сите три јазика (македонски, бугарски и англиски јазик).
Страницата може да ја најдете и да се информирате на следниот линк: www.rcku.org.mk/cultural-heritage/.
Проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ е финансиран од Европската Унија.
This project is co-financed by European Union through the Interreg – IPA CBC Programme Bulgaria – The former Yugoslav Republic of Macedonia
European Union