Општинскиот штаб за заштита и спасување на единаесеетиот состанок за превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 повторно од владата побара целосен карантин на општина Куманово, на состанокот денеска се донесени нови препораки, заклучоци и мерки:
-Препорака до стопанственици и дистрибутери на автомати за кафе на територија на Општина Куманово да се исклучат од употреба – Препорака до правните субјекти (маркети, аптеки и слично) кои и понатаму вршат опслужување на граѓаните во своите деловни простории да започнат со зачестена дезинфекција на внатрешните простории -Препорака до сопственици на банкомати на територија на Општина Куманово да вршат зачестена дезинфекција на истите – Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово – Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово