По информацијата дека едно лице е заразено со корона вирус, во аптеките во Куманово се потрошија сите маски и антибактериски гелови. ,,Ги поминавме сите аптеки и поснабдените маркети, никаде нема заштитни маски,- реагираат граѓаните на Куманово. Се зголемува и потрошувачката на брашно, масло за јадење и конзервирана храна низ маркетите. На последната пресс конференција во 17 часот претседателот на владата Оливер Спасовски , апелираше до граѓаните дека нема простор за паника.