Вести

Исчезна 10-годишно дете од населба Средорек

By Radio Bum

January 28, 2020

Четири дена го нема 10 годишниот Џенгис Асани од Средорек, кој што според изјавата на таткото, Африм, во саботата околу 15 часот излегол од дома и веќе не се вратил.

Африм го пријавил случајот во СВР Куманово и очекува повратни информации од полицијата во врска со исчезнувањето на детето. Асани информира дека син му кога излегол од дома носел црвена јакна и ги замолува граѓаните да помогнат во потрагата, а доколку го забележат детето да се јават во полиција или на неговиот телефонски број 075 844 348.

Исчезнатото момче Џенгис Асани е роден на 24.10.2009-та година.

Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен од таткото на исчезнатото дете. Според СВР Куманово, на 27.10.2020 –та година А.А пријавил дека Џ.А. излегол од дома на 24.10.2020-та година и се уште не се вратил. Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

Радио Бум дознава дека детето е веќе евидентирано во полицијата за кражба, неофоцијално и порано го напуштало домот.