“A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044
Проект: ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (CB006.2.23.044)
Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006
Договор бр.: PD-02-29-165 / 12.07.2019 година
Фондација за развој на мали и средни претпријатија е во фаза на имплементација на ЕУ проект (меѓуграничен проект) со договор бр. PD-02-29-165 од 12.07.2019 год. и име на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, финансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006. Проектот се имплементира од страна на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Трговската комора на Ќустендил.
Целта на проектот е да се унапреди соработката меѓу регионалните актери во областа на оддржливиот туризам во прекуграничниот регион на Североисточниот дел од Р. Северна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил од Р. Бугарија (9 општини).
Целни групи на проектот се:
• Mалите и средните претпријатија кои работат или се поврзани со туристичката индустрија во целниот прекуграничен регион (хотели и ресторани, итн.); • Туристички агенции кои работат во целниот прекуграничен регион; • Организации и институции кои ги извршуваат своите активности во врска со развојот на туристичката индустрија преку зачувувањето и оддржливо користење на културното наследство; • Локалните власти кои се поврзани со развојот на туристичката индустрија.
Имплементацијата на проектот ќе ги опфати следниве активности:
• Развивање на прекугранична стратегија за туристичка средина која придонесува за културното наследство; • Создавање на план за комуникација за промовирање на заедничката туристичка интерпретација и користење на културното наследство;
• Информативен форум и дискусија на тема “Туризам кој придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион – предизвици и можности “; • Семинар на тема “Активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис“; • Привлекување на локалните власти во зајакнувањето на туристичката индустрија – признавање и ангажираност од државните и локалните власти за подобрување на средината за развој на туризам која што придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион преку средби лице во лице; • Пилот активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис – тематска вечер на бугарската култура во Македонија и македонската култура во Бугарија; • Алтернативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион – создавање на телевизиски спотови со цел да го претстават заедничкото културно наследство што го нуди прекуграничниот регион; • Иновативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион – развој на виртуелни тури во 10 одделни културни објекти во прекуграничниот регион; • Прекугранична конференција во Бугарија.
Времетраење на проектот изнесува 15 месеци (12.07.2019 – 12.10.2020 година).
Веќе е креирана и дизајнирана веб страница за потреби на проектот на која може да се видат подетални информации и имплементирани активности во рамки на проектот. Страницата може да ја најдете и да се информирате на следниот линк: www.rcku.org.mk/cultural-heritage/.
Проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ е финансиран од Европската Унија.
This project is co-financed by European Union through the Interreg – IPA CBC Programme Bulgaria – The former Yugoslav Republic of Macedonia
European Union