АД Водостопанство, Кумановско- липковско поле ќе гради брана над село Слупчане на Слупчанска река, оваа денеска го пренесоа вработените во кумановската подружница на министерот за земјоделие. ,, Преку програмата за рурален развој во тек е изготовка на техничка документација за изградба на Слупчанска брана. Браната ќе покрие нови 1 500 хектари за наводнување и ќе се овозможи и дотур на вода во браните Липково и Глажња”- вели Оливер Илиевски, директор на подружницата на АД Водостопанство, Кумановско- липковско поле кој денеска се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство , Трајан Димковски. ,,Годинава е успешна година за АД Водостопанство , Кумановско –липковско поле. И покрај сушата која ја имавме во лето и есен , нема ниту еден приговор за неисполнување на условите од наша страна. Успеавме целокупниот дотур на вода да го испорачаме на ЈП Водовод Куманово и немавме никакви проблеми за вода за наводнување- вели директорот на АД Водостопанство , Кумановско –Липковско поле , Оливер Илиевски .
Тој вели дека од министерството за земјоделие , шумарство и водостопанство ја имаат подршката за сите проекти во Кумановско липковско поле.
,,Пред седницата на Владата сакам да ги посетам институциите , да ги слушнеме нивните потреби и проблеми . Пред две недели со одлука на Владата 93 милиони денари се одобрени за докапитализација за намирување на заостанатите обврски за набавка на механизација. Успешното менаџирање во АД Водостопанство, Кумановско- липковско поле дава резултати , претпријатието функционира на централизирано ниво, а подружниците менаџираат со средствата кои ги собираат , со што и го одржуваат системот. Министерството достави листи до сите подружници за набавка на резервни делови и материјали за градежни работи, како ние би можеле преку јавни набавки да ги обезбедиме и дистрибуираме до подружниците со цел за подобра услуга кон земјоделците” – изјави министерот за земјоделие Трајан Димковски.