Вести

Утре во Куманово протест против аерозагадувањето ,,Куманово се гуши”

By Radio Bum

December 14, 2019

Недела 15 декември во организација на граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, во пет минути пред 12 часот пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи протест поради аерозагадувањето.

– Ова е граѓански крик, повик да излезеш и ти и да побараш ЗДИВ за себе и своите најблиски! Биравме политичари кои нудеа решенија, меѓу другото, токму и за овој проблем – чист воздух и сега бараме испорака на ветеното! Бараме да изнајдат и преземат мерки, зашто токму за тоа ги плаќаме! Бираме живот, не бавна смрт! Затоа дојди и ти за заедно да покажеме дека ЗДРАВЈЕТО ни е најважно! 5 до 12 на 15.12.2019, кумановски плоштад, пред Центар за култура- велат организаторите , повикувајќи ги граѓаните на Куманово да излезат на протест.