Вести

Заврши проектот ,,Компаративна предност за поголема конкуретност”

By Radio Bum

December 12, 2019

Малите и средните претпријатија од североисточниот, скопскиот и велешкиот регион преку проектот ,,Иновациски центар, Компаративна предност за поголема конкуретност” успешно го подигнаа степенот на иновативност и конкурентност на пазарот. Организаторите на проектот кој беше имплементиран од страна на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија Велес се задоволни од интересот на компаниите и велат дека целта на проектот кој се имплементираше две години , а во кој беа вклучени над 250 мали и средни претпријатија , универзитети, научно истражувачки центар- МАНУ, акцелератори , технолошки паркови и локални самоуправи е постигната.

,,Духот на иновативноста постои но потребна е околина која ќе му даде можност да дојде до израз и да се развива , ние таа околина сеуште ја немаме усовршено како во други земји но има многу простор за работа па цениме дека со овој проект дадовме значаен придонес во подобрување на опкружувањето за сите нас да бидеме поиновативни , покреативни и на тој начин најсигурно да го развиеме бизнис секторот на одржлив пат-, изјави Горан Лазаревски проект менаџеро. Тој вели дека со исклучителен ангажман на проектниот тим и сите засегнати страни во процесот успеале да изградат силна врска помеѓу малите и средни компании со јавниот сектор , образовните институции , локалните самоуправи и универзитетите како особено значааен чинител во овој процес за поддршка на иновациите, а особено важно е што сите учесници се запознале со потенцијалите на малите и средните претпријатија кои според анализата што ја направиле се големи.

Анита Самарџиева технички координатор на проектот, вели дека од велешкиот регион биле вклучени 25 претпријатија кои учествувале на сите настани.

,,Освен компании интерес за учество на настаните што ги организиравме во рамките на проектот имаше и од локалните самоуправи, технолошко-техничкиот факултет во Велес и Славјанскиот универзитет кој беше дел од сите настани кои ги организиравме во рамките на проектот, а Фондацијата за подршка на мали и средни претпријатија регионален центар Велес е партнер во проектот на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, изјави Самарџиева.

,,За две години 150 компании директно и индиректно беа вклучени во проектот, научно истражувачки институции -МАНУ , универзитети, акцелератори , технолошки паркови , локални самоуправи од три региони североисточен, скопски и велешки регион . Проектот е финансиран од Европска унија и од секторот за централно финансирање при Министерство за финансии и можам да кажам дека доста успешно го имплементиравме , имавме успешни приказни , конкретни резултати и се надевам дека со исто такво темпо ќе продолжиме и по завршување на проектот, се со цел сето онаа што го постигнавме овие две години да го одржиме и да можеме уште повеќе да го надоградиме за добро на малите и средните претпријатија во регионот и пошироко – , вели Димитар Ташевски проект координатор на проектот и директор на фондацијата за развој на мали и средни претпријатија.

,,На повеќе настани малите и средните претпријатија беа едуцирани со нови методи и вештини кои допрва доаѓаат кај нас ,а најбитно беше вмрежувањето на самите претпријатија како меѓусебно така и со институциите што даде конкретни резултати и нови проекти кои започнуваме да ги имплементираме,- вели Ташевски и додава дека со завршување на проектот не завршуваат работните обврски, тимот продолжува да работи преку виртуелна платформа насловена како ,,Виртуален иновациски центар” .