Вести

Во Ваксинце кумановската полиција пронајде 90 мигранти кои биле држани како заложници

By Radio Bum

October 26, 2019

По дојава дека се држат луѓе во заложништво, полицијата од СВР Куманово рано утрово извршила акција во село Ваксинце, каде пронашле и ослободиле 90 луѓе, за кои се претпоставува дека се мигранти, потврдуваат од СВР Куманово. Луѓето биле држани во заробеништво во помошен објект во семејна куќа во Ваксинце,каде ги пронашла полицијата. Сопственикот на куќата е приведен, а 90 те мигранти ослободени и префрлени во прифатен центар. Истрагата е во тек.