Вести

Камион товарен со мигранти во обид да избега од полицијата пропаднал во шахта во Куманово

By Radio Bum

September 17, 2019

Во обид да избега на полицијата камион натоварен со мигранти пропаднал во шахта на улица „ Железничка„ во Куманово. Таму од општината се изведуваат градежни работи за поставување на армиран – бетонски пропуст и направена е измена на сообраќајниот режим во тој дел од градот и е воведена забрана за движење за возила и пешаци. Возачот на камионот бил запрен од полицијата но во обид да им избега пропаднал во шахтата.

Според официјалните информации на полицијата , на 16.09.2019 во 23.00 часот на автопатот Куманово–Табановце полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало. Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот. При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на расчистување на случајот.