Вести

Пијани гости нападнале сопственик на угостителски објект

By Radio Bum

September 09, 2019

Ноќеска во 00,30ч. во полицијата било пријавено дека во населбата Гоце Делчев во Куманово во гостилница физички бил нападнат сопственикот на објектот Т.Д.(49) . Без причина соственикот бил нападнат од страна на Д. Н., А. Т., С. А. и А. Б., сите од Куманово, кои му нанеле тешки телесни повреди. Напаѓачите, биле под дејство на алкохол, тие се приведени во полициска станица, а на Т.Д. му била укажана лекарска помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.