Вести

Измена на сообраќаен режим поради изградба на кружен тек кај Монопол во Куманово

By Radio Bum

September 06, 2019

Неделава започнаа градежните работи на крстосницата на улиците 11 „Октомври“ и „Трета МУБ“ во Куманово, за изградба на кружен тек на влезот на градот, поради што ќе биде воведен изменет сообраќен режим на оваа локација.

– Поради изведување на овие работи, ги информираме граѓаните дека ќе има континуирано пренасочување на сообраќајот, во овој дел од градот со соодветна верткална и хоризонтална сигнализација. Поради тоа апелираме граѓаните да се прилагодуваат и придржуваат на новонастаната сообраќајна ситуација, во наредниот перод односно до завршување на изградбана на кружниот тек, информираат од Општина Куманово.