Вести

Во несреќен случај загина девојче во Соколана

By Radio Bum

August 14, 2019

Денеска попладне во несреќен случај животот го загуби 13 годишно девојче од Загреб, кое со своите родители имаат престој во Куманово. Несреќата се случила на игралиштето во Соколана. Девојчето според очевидци било качено на стативите каде се лулало, а во еден миг железната статива паднала врз главата на девојчето кое од ударот починало на лице место. Од Секторот за внатрешни работи е извршен увид на лице место.