Фонтаната во центарот на Куманово ќе се реконструира, фирмата Тадиар од Куманово , која ја доби тендерската постапка има обврска до 10 август да ја пушти во употреба новата фонтана со вода за пиење. Денеска се започнати подготовките за реконструкција , а според информациите на Момчило Јовановски, помошник раководител на сектор за комунални работи , инфраструктура и сообраќај фонтаната ќе добие нов лик со ново партерно уредување.
Според договорот предвидено е нова фонтана , клупи, скали, јарбол и комплетно партерно уредување. Вредноста на инвестицијата е 716 780 денари , средства кои се предвидени во буџетот од мината година, а доколку се обезбедат средства ќе се реконструираат и другите фонтани во општина Куманово , информира Јовановски.