Вести

Железничкиот сообраќај на пругата Куманово – Скопје е во прекин, се отстрануваат излизганите вагони

By Radio Bum

July 03, 2019

По железничката несреќа која се случи вчера кога вагони на товарен воз се излизгаа од шините кај село Черкезе, денеска железничкиот сообраќај е во прекин информираат од македонски железници. Возовите не се обраќаат на релацијата Куманово – Скопје , а брзиот воз на релацијата Белград – Солун оди до граничниот премин Табановце од каде патниците со автобус се превземаат и се носат до граничниот премин Богородица.

Денеска е започнато и отстранувањето на вагоните кои се излизгаа од пругата , а откако ке бидат тргнати веднаш ќе биде започната и санацијата на пругата и на оштетената сигнализацијата. Од несреќата предизвикана е голема материјална штета, оштетена е пругата, железничката сигнализација, а десетина вагони веќе нема да бидат во функција . Големо оштетување има и на локалниот пат кон село Черкезе, а штета имаат претрпено и сопствениците на куќите до пругата, каде за среќа имале направено ѕидови кои ги заштитиле новите куќи од поголема катастрофа.

Товарниот воз кој се обраќал на релацијата Табановце – Трубарево бил натоварен со лим , а првичните индиции се дека причината за несреќата е претоварениот воз.