Вести

Малолетник од Куманово тешко повреден во сообраќајна несреќа во Табановце

By Radio Bum

May 21, 2019

На локалниот пат Куманово – с.Табановце вчера во 16.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која потешко е повредено малолетно момче. Несреќата според СВР Куманово ја предизвикал Џ.Х. 57- годишен, тој со автомобил „Опел Вектра“ , удрил во велосипед што го управувал 16-годишник. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово, а по укажаната помош бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.