Вести

Пуштена во употреба реконструираната бензинска станица на Макпетрол на автопатот на влезот во Куманово

By Radio Bum

May 21, 2019

Станицата за гориво на Макпетрол на автопатот кај влезот на Куманово од денеска е повторно достапна за потрошувачите , информираат од Макпетрол. Реконстукцијата е комплетно завршена со поставување на нови пумпи со 50 пиштоли за точење на гориво , а во исто време гориво ќе можат да точат 14 автомобили. Бензинската станица, покрај тоа што има една од стратешки најважни положби во државата ќе има и точење на метан. Од Макпетрол најавија дека планираат во брза иднина да биде реконстуирана и бензинската пумпа кај автобуската станица во Куманово.