Вести

Кривична пријава за расистички материјал на Фејсбук поднесена против жител на Пелинце

By Radio Bum

April 23, 2019

За објава на расистички и ксенофобичен материјал на својата фејсбук страната 43 годишен жител на Пелинце заработи кривична пријава. Според информациите на Секторот за внатрешни работи Куманово на 22.04.2019 СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од с.Пелинце, о.Старо Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ. Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук