Вчера во 18.05 часот на место викано „Долно маало“ во близина на село Тромеѓа, кумановско, на земјен пат, трактор „Универзал 445“, управуван од Б.П.(49) од село Тромеѓа се превртел и притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.П., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Куманово.
По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.