Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, изрази длабоко жалење за автобуската несреќа кај селото Ласкаица, тој упати сочувство до семејствата на загинатите патници и понуди помош во како што е наведено во писмото во овие најтешки моменти. На повредените им посака брзо опоравување.
„ Во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Куманово, примете длабоко сочувство за загубата на Вашите сограѓани во трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје -Тетово. Како Градоначалник и како општина, Ви стоиме на располагање за поддршка и помош во моментите кога ви е најпотребно. Ве молам, пренесете искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на сите повредени им посакувам побрзо закрепнување. Во оваа тешка ситуација нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, но со нашите мисли Ви посакуваме да најдете олеснување и надеж за да продолжите понатаму- е наведено во писмото од кабинетот на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.