Вести

Службеник од затвор во Кшање се обидел да внесе и продаде мобилен телефон на затворениците

By Radio Bum

February 05, 2019

Самостоен референт вработен во затвор во Кшање со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон. СВР Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесена е кривична пријава против И.Б.(44) од Куманово, вработен како самостоен референт , поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ . Службеникот, И.Б, бил вработен во Затвор Куманово, лоциран во село Кшање, во одделение за стручно – инструкторски работи-Сектор за ресоцијализација, на работно место Самостоен референт за практична обука на осудени лица од областа на дрво – преработувачка дејност со звање „самостоен референт“. Тој според информациите од СВР Куманово, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон, со што постапил спротивно на Наредбата од 21.08.2017 година, донесена од В.Д. Директорот на затворот .