Вести

Утревечер делови од Куманово ќе останат без вода

By Radio Bum

January 25, 2019

Од утревечер со почеток во 23 часот ќе започне вградување на мерна опрема и замена на старите затвочари со нови во кругот на Фабрита за преработка на вода за пиење во Куманово, поради што делови од градот ќе останат без вода.

– Во повисоките делови на ниска и средна водоводна зона во градот ќе има недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот во водоводната мрежа, во високата водоводна зона водоснабдувањето ќе биде нормално. Предвидените активности се планира да бидат завршени во најкраток рок при што водоснабдувањето ќе биде нормализирано во тек на раните утрински часови, стои во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи.