Вести

Завчера немало пожар во канцеларијата на Црвениот крст, туку штекер се запалил кај Пазарна инспекција

By Radio Bum

November 28, 2018

Канцеларијата на Црвениот крст не била зафатена од пожар како што вчера информираше Регионалниот центар за управување со кризи.

Денеска од таму појаснуваат дека пожарот бил во зградата на Општинската организација на Црвен крст Куманово, меѓутоа во канцеларија на Пазарниот инспекторат.

– Во текот на денот ( 26.11.2018 ) во зградата во која се сместени Пазарната Инспекција и Општинскиот Црвен Крст, помеѓу 8,30 и 8,40 часот во една од канцајаријата на Пазарна Испекција, при уклучување на грејно тело се случил краток спој на струјниот штекер и избил мал пламен. Веднаш интервенирале вработените а повикана била и ТППЕ- Куманово. За срека пожарот не се разгорел во канцалариата и немало потреба од дополниталана интервенција. Матријална штета нема, стои во денешната корекција на дневниот билтен на РЦУК.

Апелираме, со цел да се спречи ширење дезинформации, институциите да работат подобро на меѓусебната размена на информации, со оглед дека дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи го користат медиумите за информирање на јавноста.