Вести

Кумановец усмрти пешак од светиниколско

By Radio Bum

November 07, 2018

На регионалниот пат Куманово – Свети Николе Вчера околу 17.40 часот патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско. Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.