Вести

Девет танчерки откриени во угостителски објект во Липково

By Radio Bum

November 07, 2018

Девет танчерки, меѓу кои шест државјанки на Албанија и три Косоварки биле откриени во угостителски објект во липковското село Слупчане.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи при контрола на објектот од страна на полициски службеници, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во изминатите два дена, откриени се танчерките кои во Македонија не биле пријавени ниту пак поседувале работни дозволи.

– Тие биле предадени на Инспектор за странци и реадмисија за понатамошна постапка. Од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека угостителскиот објект врши дејност без да биде регистриран во соодветен регистар и на сопственикот му била изречена глоба и мерка забрана за вршење на дејност од еден месец, стои во соопштението до СВР Куманово.

Од инспектор од УЈП бил констатиран прекршок по Закон за регистрирање на готовински плаќања за што му била изречена глоба во висина од 500 евра и мерка затворање на објектот во траење од еден месец.