Вести

Две лица тешко повредени во вооружена престрелка во Диво Насеље

By Radio Bum

October 31, 2018

Две лица се тешко повредени во престрелка која вечерва се случи во Диво Насеље во Куманово. Според првите неофицијални информации едно од повредените лица се здобило со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност , а друго е повредено со остар предмет.

Вооружената престрелка како дознава Бум од извори на терен, се случила во 18 40 минути во близина на Основното училише Вук Караџиќ. На престрелката и претходело и физички напад  помеѓу две семејства . Полицијата е на местото каде се случила престрелката и вршат увид , а улицата е затворена.