Вести

Ин Мемориам: Почина новинарката Нада Георгиевска

By Radio Bum

September 03, 2018

По кратко боледување на  64 годишна возраст, почина  Нада Георгиевска, долгогодишен новинар и професор по книжевност и литература, во пензија.

Георгиевска, дваесет и пет години беше дел од редакцијата на  „Наш Весник“, а припаѓа на генерацијата новинарски тим кој ги направи првите чекори во телевизиското новинарство во Куманово, на локалната телевизија Куманово каде работеше во информативната редакција.

Погребот на посмртните останки на Нада Георгиевска ќе се изврши утре, во 13 часот, на Градските гробишта во Куманово.